Седници на три собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог-законот за зеленило во второ читање и Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во прво читање поднесен од пратеници од опозицијата.
На дневен ред на седницата на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е разгледување на извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за нотаријатот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа