Франгов: Гевгелија успешно се справува со предизвиците од бегалско-мигрантската криза

 

Општина Гевгелија досега успешно се справуваше со бегалската криза од која предизвиците и натаму постојат бидејќи продолжуваат обидите за илегално преминување на границата, но капацитетот и намената на ПТЦ Гевгелија се ограничени и општина Гевгелија во никој случај  нема да прифати промена на неговиот статус,нагласи градоначалникот Иван Франгов на денешната средба со шефот на секторот за соработка во делегацијата на ЕУ во нашата земја,Мартин Клауке.

Клауке ја поздрави заложбата и улогата на општина Гевгелија во справувањето со бегалската криза и потврди дека најавената помош за набавка на механизација за управување со цврстиот отпад во Гевгелија ќе се реализира во текот на јули од причина што е повторена тендерската постапка. Тој информираше дека ЕУ обезбедува финансиска помош и за престојот на околу 300 европски полицајци на македонската граница со Грција, како и за набавка на потребната опрема на граничната полиција.

На средбата меѓу Франгов и Клауке се разговараше и за соработката на општина Гевгелија со Делегацијата на ЕУ која се остварува преку другите програми на ЕУ и е оценета како успешна.

 

 
 
25.03.2016 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега