ФОТО: Димитриев се потпиша во Книгата на жалост за жртвите во Брисел

 

Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на парламентарните избори Емил Димитриев се потпиша во Книгата на жалост за жртвите во нападите во Брисел.

Во просториите на ЕУ-инфо центарот во Скопје вчера беше отворена книга на жалост за загинатите во терористичките напади во Брисел.
 
Според официјална информација од белгиските власти, во двата терористички напади што се случија на бриселскиот аеродром „Завентем“ и на метро-станицата Малбек, загинале вкупно 31 лице, а 300 се ранети, од кои 150 се уште се во болница. Белгија прогласи тридневна жалост за жртвите во нападите.

 

Одговорноста за нападите во Брисел ја презеде Исламска држава.

emil-4

emil-2

emil-1

emil-5

 
 
25.03.2016 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега