Ново поскапување на горивата во Македонија
Северноморската нафта од типот Брент пред два дена поевтини за само 3 центи и тргувањето го заврши на ниво од 40,44 долари за еден барел.
Ако се има предвид дека минатиот понеделник Регулаторот ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија, формирајќи ги врз основа на просечна цена од 35 долари за еден барел, извесно е дека во периодот кој следи трендот на зголемување на малопродажните цени на горивата во Македонија ќе продолжи.
Следната корекција е закажана за идниот вторник на 5 април. И тогаш, се очекува раст на цените во рамките на претходните покачувања меѓу 2 и 3 денари по литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа