Во 23 компании во индустриските зони работат 5.400 луѓе

 

Во 23. компании што работат активно или ја реализираат својата инвестиција во зоните, моменталната бројка на вработени изнесува 5.400, а проекциите за 2016 година се бројот на вработени да достигне 7.100 креирани работни места.

Но кога овие компании ќе стигнат до оптималната бројка и производство, според нивните бизнис-планови, ќе бидат креирани над 16.500 работни места.

Извозот од слободните зони во 2015 година изнесува милијарда и пол евра и е 36 проценти од вкупниот извоз во земјата. годинава учеството на извозот од зоните ќе се зголеми за дополнителни 25 отсто, вели Виктор Мизо, директор на дирекцијата за технолошки индустриски зони.

Во интервју за „Телеграф“, Мизо зборува за ефектите од функционирањето на зоните, а вели дека во моментов се активни преговори со компании од повеќе западни економии.

 

 
 
28.03.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега