Годишна конференција на Македонска берза
Македонската берза денеска ќе ја одржи годишната конференција на која ќе биде пуштена во употреба регионалната платформа за тргување СЕЕ Линк.
По тој повод ќе се обратат директорите на Бугарската, Македонската и Загребската берза, како и претставник на Европската банка за обнова и развој со чија финасиска помош е реализирана платформата СЕЕ Линк.
На конференцијата е најавено и обраќање на претседателката на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска, како и други претставници на Владата на Република Македонија.
29.03.2016 - 08:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа