Попоски на министерски состанок за Западен Балкан во Драч

 

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи на земјите на Западен Балкан, што ќе се одржи во Драч, Албанија.

На конференцијата, како што соопшти МНР, ќе се дискутира за прашања и проекти важни за унапредување на регионалната соработка во повеќе области. Посебен акцент ќе биде ставен на проекти за регионалното поврзување, младинската балканска соработка, Фондот за Западен Балкан, како и за регионалната соработка во справувањето со мигрантската криза.

Покрај министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, предвидено е на состанокот да присуствуваат и еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ и министерот за надворешни работи на Словачка Лубомир Заоралек во својство на претседавач со Вишеградската група.

 
 
30.03.2016 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега