Се растурија манипулациите на Заев, граѓаните револтирани зошто СДСМ ги прогласи за фантоми
За само еден ден откако беше објавен списокот со луѓе кои СДСМ ги прогласувале за фантомски гласачи се распадна целата конструкција и манипулација на Зоран Заев и неговата партија во обид да ги оправдаат 10-те изборни порази.
Се поизвесно и појасно за јавноста станува дека фантомски гласачи нема, па соросовите медиуми и СДСМ во паника бараат да се повлече списокот упатувајќи и критики зошто истиот бил објавен. Опозициските медиуми панично удираат по ДИК пишувајќи дека Државната изборна комисија ги етикетира гласачите и создава привидна транспарентност. Објавените податоци се всушност истите кои и претходно беа објавени на интернет страната на Државната изборна комисија.
Дека фантомските гласачи не се реална слика, туку манипулација и конструкција на СДСМ во обид за добивање ситни политички поени, но и начин да се оправдаат изборните порази, потврдува и решителноста на ВМРО-ДПМНЕ доколку е потребно да бидат проверени сите 2 милиони граѓани. Наспроти ваквата транспарентност, СДСМ жестоко се противеше да се објави нивната листа за наводните фантомски гласачи. Во жестоката расправа членовите на СДСМ во Државната изборна комисија на моменти ги рафрлале и фотељите на кои седеле во салата. Тие се противеле жестоко на објавувањето на податоците и покрај тоа што ДИК има обврска да ги информира граѓаните кои ќе бидат предмет на теренска проверка, за што впрочем и Државната изборна комисија отпочна кампања.
Вчера јавноста дозна дека на списокот на фантомски гласачи се наоѓаат и Јани Макрадули, Гордан Георгиев, Мирјана Најчевска, Благој Ханџиски, сестрата на Радмила Шекеринска, Лилјана, Фиат и Сефер Цановски, Дарко Давитковски од СДММ, новинарите Ерол Ризаов и Ида Протуѓер, сестрата на Катица Јанева и таткото на портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска. На листата фантоми се појави и пратеникот Павле Трајанов, кој воедно е и поранешен министер за внатрешни работи и претседател на Демократскиот сојуз.
Веднаш по објавувањето на списокот на ДИК им стана јасно и на најголемите поборници за овие апсудрни и смешни тези дека списокот со т.н. фантомски гласачи е преполн токму со членови, функционери и поддржувачи на СДСМ.
Граѓаните пак, кои биле предмет на теренската проверка се револтирани од тоа што СДСМ ги прогласувале за фантоми и што сега мора да се докажуваат пред ДИК, а велат, на исто место гласале и живеат над 30, 40 години.
-Бев навистина збунет кога побараа мојот идентитет да го проверат преку лична карта иако на оваа адреса живеам повеќе од 40 години и никогаш не е променета. Никогаш не би поверувал дека ќе бидам предмет на анализа бидејќи отсекогаш одговорно тврдам дека живеам на оваа адреса и не би помислил дека некогаш ќе бидам во групата на фантомски гласачи, вели Цветковски од Крива Паланка.
-Не знам зошто сме ние на списокот за теренска обработка кога ние сме редовни гласачи и тука живееме и зошто некој сака да манипулира дека ние сме фантомски гласачи. Цел живот сме тука, 50 години и секогаш гласаме на исто избирачко место, смета Галип Демири од Крива Паланка
-Редовен сум гласач и не ми е јасно зошто вака не манипулираат и не викаат фантоми кога ние на едно избирачко место гласаме, нагласува Џемаил Демиров.
-Тие може да кажуваат дека сум фантомски гласач, но јас сум гласач на Република Македонија и гласам тука од мојата 18-та година. Во секој момент може да дојдат и да проверат, вели кавадарчанец кој бил предмет на теренска проверка.
-Редовно сум гласала досега. Јас сум 60-та година во Македонија, ама не знам каква забуна настанала, смета повозрасна госпоѓа од Кавадарци.
За СДСМ проблем било што семејство со над 30 члена живее на иста адреса. Дел од членовите на семејството Исмаилов од Василево објасуваат дека живеат во неколку куќи на таа адреса и сите се заедно, повеќе браќа, чичковци, нивните деца и никогаш не се селеле надвор од Македонија.
-Живееме тука. Од ДИК не прашуваа дали има некој во странство, сите им дадовме лична карта. За изборите никогаш сме немале проблем, сакаме пак да гласаме, вели Јусуфи Исмаилов.
-Доаѓаа од ДИК и прашуваа како може да живеат толку Исмаиловци на еден број. Мислам дека ДИК имаат проблем дека многу луѓе живеат на еден број. Ама ние не живееме во една куќа, туку во 2-3 куќи, со ист број (9 или 9А). Нема никаков фалсификат. Ние сме голема фамилија. Не сме имале досега никаков проблем за гласање, објаснува член на семејството Исмаилов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа