Седници на четири собраниски комисии

 

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за европски прашања е разгледувањето на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија, (НПАА) ревизија 2016 година.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправаат за Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци (за период од 15.09.2015 до 15.03.2016)

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство е предлог законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата.

Законодавнно правната комисија ќе ги разгледа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за шумите, и за дополнување на Законот за здравственото осигурување, двата во прво читање и поднесени од пратениците од опозицијата.

 
 
31.03.2016 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега