Француски орден за проф. д-р Даниела Миладинова

 

 Француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер синоќа ја одликуваше проф. д-р Даниела Миладинова, продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, со орден „Витез од редот на Академските палми“.

Ова одликување од Владата на Република Франција се доделува на еминентни личности како признание за постигнатите резултати во областа на високото образование.

- Професор д-р Миладинова е докажан авторитет на Универзитетот „Св Кирил и Методиј" со исклучителна професионална кариера во областа на нуклеарната медицина. Таа е голем франкофон, а нејзината посветеност и резултатите од реализација на проекти во рамки на француско-македонската билатерална соработка се високовреднувани, рече амбасадорката Оер. 

Заблагодарувајќи се на високото признание, д-р Миладинова истакна дека се определила за нуклеарна медицина поради големите француски откритија во областа на радиоактивноста и дека искрено се надева оти бројните франкофони, нивните следбеници и пријатели ќе придонесат Франција да остане голем поддржувач на македонската наука, култура, уметност, како и на земјата во целина.

Ова одликување е востановено во 1808 година од Наполеон први.

 
 
31.03.2016 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега