Обид за силување во Скопје среде бел ден
Во 14 часот и 10 минути во Полицијата „Ѓорче Петров“, 32-годишната Л.Т. од Скопје пријавила дека околу 13 часот и 20 минути непознато лице извршило разбојништво врз неа. Додека истата се движела со велосипед по патот кон селото Радуша била пресретната од непознатото лице, кое ја турнало на земја и почнало да ја удира со тупаници во пределот на главата. Насилникот се обидел да ја соблече, но откако не успеал во тоа и одземал мобилен телефон и побегнал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
01.04.2016 - 13:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа