Груевски се огласи по оставките на ДУИ

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оставките на претставниците на извршната власт на ДУИ ги оцени како внатрепартиска работа.

- Немам некој посебен коментар. Се работ за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструиран објект кој ќе биде ставен на располагање на Државниот Архив на Република Mакедонија и Министерството за внатрешни работи во Куманово сместен во реновираниот објект на поранешниот Дом на армијата.

На прашањето дали сега ќе следи создавање нова влада, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека следуваат избори и оти граѓаните се тие кои ќе оценат која и каква влада треба да се состави во иднина. 

 
 
01.04.2016 - 15:56
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега