Во Битола отворен едукативен Центар за деца и лица со попреченост

 

Во Битола денеска на одбележувањето на 2 Април - Светскиот ден на аутизмот, почна со работа едукативен Центар за деца и лица со попреченост во развојот, проект поддржан од Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа.

Градоначалникот Владимир Талески на денешниот промотивен настан истакна дека иницијатори за формирање и отворање на Центарот беа Здружението за лица со интелектуална попреченост „Порака“ и Здржението за аутизам „Марко Поло Експлорер“, а општината ги обезбеди просториите.

- Општина Битола направи еден голем чекор со овие две здруженија. Се работи за деца за кои треба да направиме се нивниот талент да дојде до израз, истакна Талески.

Третманот на лицата кои ќе го посетуваат овој центар ќе биде интензивен, континуиран и мултидисциплинарен. Едукативните програми ќе ги реализира професионален тим кој помина напредна дообука од професионални кадри од САД и Англија. 

 
 
02.04.2016 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега