Нетпрес: Нема крај на манипулациите на Ременски

 

Нетпрес стигна до информации дека техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски сепак го кочи регистрирањето на синдикалните организации на СОНК и дека е направено грубо фалсификување со заверување на документација испратена до Централен регистар. Порталот побарал одговори од техничката министерката Фросина Ташевска Ременски, но биле игнорирани.

По наводите на Mинистерството за труд и социјална политика дека постапувајќи по барањето на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за упис на промени во регистарот на синдикати во Централниот регистар, во најбрз можен рок ја извршило својата законска обврска односно дека на7 март 2016 година до Централниот регистар на Република Македонија од страна на Министерството е испратено известување со доставената документација од страна на СОНК, заради преземање натамошни активности во надлежност на регистарот Нетпрес испратиле неколку прашања до техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски и службата за односи со јавност на кои не добиле одговор.

-Кога го заверивте барањето за регистрирање на промени во СОНК до Централен регистар?
-Од СОНК се пожалија дека не се точни податоците од вашиот демант пратен до медиумите во текот на вчерашниот ден, дали го антидатиравте  дописот кој вчера го лиферувавте до медиумите ?
-Зошто повеќе од 3 месеци не е дозволена регистрација на промени во синдикални организации во најбројниот синдикат во Република Македонија?
-Како е возможно пред три месеци да архивирате официјално писмо до Централен Регистар а тоа сеуште да не е стигнато во Централниот Регистар?
-Свесно ли е кочењето на регистрацијата на синдикалните организации на СОНК?

Според информациите на Нетпрес за можни манипулации и фалсификување на архивирани документи од порталот побарале одговори во интерес на објективното информирање.

До Централниот регистар на Република Македонија биле испратени следните прашања:

-Дали МТСП до Централен регистар изминативе 2 месеци има доставено барање за регистрација на синдикални организации на СОНК?

-Дали МТСП има воопшто доставено некакво барање поврзано со СОНК иозминативе два месеци?

-Дали МТСП има до Централен регистар доставено било какво барање поврзано со регистрација на промени во синдикални организации изминативе 4 месеци?

Оттаму добиле одговор дека според податоците од Архивата на Централниот регистар, до нивната служба во изминативе четири месеци не е стигнато барање за регистрација на синдикални организации на СОНК, ниту пак било каков друг допис поврзан со СОНК.

-Исто така до Централниот регистар во изминативе четири месеци има пристигнато повеќе барања од МТСП поврзани со регистрација на промени во синдикални организации, по кои Централниот регистар постапува согласно своите законски надлежности и во законски предвидените рокови, но ниту едно не е поврзано со СОНК, велат од Централниот регистар на Република Македонија за Нетпрес.

Оттука следуваат прашањата:

-Прво, дали направи фатална грешка и антидатираше односно фалсификуваше архивиран документ?
-Дали во обидот да креира лажна слика дека не го кочи регистрирањето на синдиклните организации на СОНК последниот ден од март завери официјален документ со дата антидатирана 30 дена претходно и со тоа направи уште  кривично дело?

Се упатува на тоа дека техничката министерка направи преседан при што го покажа вистинското лице на деструктивност и тенденцијата да ја изманипулира јавноста со интриги.

 
 
03.04.2016 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега