ДИК ја заврши теренската проверка
Теренските проверки на сомнителните гласачи во сите подрачани одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) се во завршна фаза, соопштија вечерва од ДИК. Оттаму додаваат дека во моментов Комисијата е фокусирана на внесување и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација.
„Државната изборна комисија информира дека теренските проверки на Избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената динамика. Над 550 анкетари во сите 80 општини на територијата на Република Македонија, почнувајќи од 28 март непрекинато работат во периодот од 8.30 до 19.00 часот. Теренските проверки во сите подрачни одделенија на Државната изборна комисија се во завршна фаза. Државната изборна комисија во моментов е фокусирана на внес и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат на време внесени и соодветно обработени“, стои во соопштенито од ДИК.
Државната изборна комисија, во соопштението, ги отфрла како невистинити иформациите, објавени во дел од медиумите за наводно намерно кочење на теренските проверки.
„Сите членови на Државната изборна комисија и нејзината стручна служба се целосно посветени теренските проверки навремено да бидат завршени“ велат од ДИК
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа