На Грците се им смета: Грчко МНР со реакција на интервјуто на Иванов
Грчкото Министерство за надворешни работи денеска преку соопштение реагираше на интервјуто на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов за грчкиот весник „То Вима“.
- Грчката Влада не е надлежна да му ги обезбеди потребните информации на претседателот на ПЈРМ. И секако не е одговорна за тоа што тој не е информиран за состојбата на односите меѓу двете држави, се вели во кусото соопштение на портпаролот на Министерството Константинос Кутрас објавено „како одговор на новинарите“, не прецизирајќи притоа на кој дел од интервјуто се однесува.
04.04.2016 - 09:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа