До петок температури до 30 степени викендов дожд - какво време не чека до крајот на неделата

 

Неделава се очекува релативно топло време. Нема да биде постојано сончево, но во глобала ќе „превагнат“ повеќе периодите со релативно сончево време, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Вторник, претежно сончев. Попладне услови за слаб развој на облачност која може да донесе повремени врнежи во планинскиот регион во западниот и североисточниот крај.

Температурата ќе има максимална вредност од 25°С до 28°С долж повардарието, околу 25°С во котлините во источниот, и околу 23°С во котлините во западниот регион.

Среда, претежно сончева. Локална умерена облачност. Мала веројатност за сосема слаб дожд попладне во шарскиот регион.

Температурата ќе има максимална вредност од 26°С до 29°С долж повардарието, околу 26°С во котлините во источниот, и околу 25°С во котлините во западниот регион.

Четврток ќе биде претежно облачен ден, но без значајни услови за дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, долж повардарието повремено и засилен.

Температурата слична на онаа од среда.

Ветровито и топло ќе биде и во петок. Наутро со подолги сончеви периоди, но попладне се очекува постепено наоблачување. Од оваа облачност очекуваме врнежи во текот на вечерните часови.

Температурата ќе има максимална вредност од 25°С до 27°С долж повардарието, околу 25°С во котлините во источниот , и околу 24°С во котлините во западниот регион.

 

Првите игледи за наредниот викенд не се премногу оптимистички. Од денешна гледна точка, прогнозите велат пад на температурата за околу 6°С и повремен дожд.

 
 
04.04.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега