УМС на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на Словенската Демократска Младина
Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, присуствуваше на Конгресот на Словенската демократска младина (СДМ) кој се одржа во Љубљана помеѓу 1 и 3 Април.
На Конгресот Муцунски се обрати пред присутните и ја афирмираше добрата соработка помеѓу двата политички подмладоци како на билатерално ниво, така и во рамките на Младите на европската народна партија (YEPP).
Во неговото обраќање тој нагласил дека добрите односи помеѓу двата политички подмладоци се изградени врз основа на заеднички вредности, доверба и меѓусебно разбирање за предизвиците со кои се соочува Европа и решенијата за истите.
На Конгресот, покрај Муцунски,присуствуваа претставници на политички подмладоци членки на семејството на Младите на европската народна партија (YEPP), голем број членови на Европскиот Парламент како и Претседателот на Словенската демократска партија Јанез Јанша.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа