Пукање и бркотници на патот кај Свети Николе - што се случило?

Филмска бркотница на патот Свети Николе- Крива Паланка.  Вчера во 02.15 часот на регионалниот пат Свети Николе – Крива Паланка, полициски службеници од полициската станица во  Куманово дале знак за запирање на  возилото со марка „Мазда“ без регистарски ознаки, управувано од Љ.Г. (22) од с.Раклиш,  но истиот не застанал туку со возилото се упатил кон полициските службеници со намера да удри во нив.

Поради  таквото однесување  полициските службеници биле приморани да употребат огнено оружје и пукале во едно од тркалата. Љ.Г. продолжил со движење со возилото, но набргу излетал од патот и се превртел. Истиот се здобил со повреди поради што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје, каде е задржан на лекување.

Против истиот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедност

 
 
07.04.2016 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега