Петревски: Бегањето од избори е единствен излез за Заев

 

Политичниот аналитичар Филип Петровски смета дека СДСМ и Зоран Заев по секоја цена и поради каков било изговор ќе се обидат да не учествуваат на изборите. Според Петровски, таквиот план на Заев доаѓа од свесноста дека доколку излезе на избори ќе доживее тежок пораз.

filip-petrovski

-Бегањето од избори е единствената можност за Зоран Заев. Ако тој се појави на изборите знае дека ќе ги загуби. Во таков случај ќе ја загубии позицијата во својата партија. Во спротивно, ако ги одложува изборите и не оди на нив, тој ќе ја задржи позицијата во партијата и затоа не му е проблем да ја продолжува кризата до недоглед. Затоа и постојано поставува нови и нови изговори. Најдобар пример за тоа е изборниот список. За Заев прво беа спорни 200 илјади, па 100 илјади, па 40 илјади гласачи, за на крај да дојдеме до илјада лица што се починати. Тоа најдобро ја покажува играта на Заев. Тој не смее да оди на избори затоа што ќе загуби со 200 илјади гласови разлика и нема друга можност за маневар освен да излезе надвор од институциите. Само ако Заев не излезе на изборен натпревар не може да биде поразен– изјави Петровски во дебатата на ТВ Нова.

Во однос на тоа дали е возможно повторно одложување на изборите Петровски вели дека ако се продолжи со ова темпо ќе фати редовен термин за избори.

-СДСМ јасно покажува ддека сака да го малтертира граѓанството, а не сака избори.

-Мора да има крај на кризата. Не може до недоглед да одложуваме избори. СДСМ е во целосна координација со нејзините членови за да се создава криза. СДСМ предизвикуваат хаос со претходно припремено сценарио, вели Петровски.

 
 
07.04.2016 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега