Нови цени на горивата во Македонија
Американската лесна нафта за испорака во мај поевтини за 18 центи на 38,54 долари за барел а европската нафта од типот „брент“ за испорака во јуни тргувањето во петокот го заврши на 41,76 долари за барел поевтинувајќи исто така за 18 центи.
Последната корекција на малопродажните цени во Македонија беше извршена минатиот понеделник, што значи дека денеска сме на средина од двонеделниот период во кој Регулаторната комисија за енергетика врши корекции на цените.
Минатиот понеделник регулаторот ја пресмета средата цена на нафтените деривати која изнесуваше 38,662 долари за барел и беше нешто под половина долар пониска од она пред 3 недели.
Минатиот понеделник бензините поскапеа за половина денар а дизелот стана поевтин за еден денар.
Денешните цени се повисоки за околу 3 долари по барел, но тие се јунска испорака. Сепак и оние од мајската испорака се движат во тие рамки. Значително е понизок и курсот на денарот во однос на доларот. Пред една недела еден долар чинеше 55,3 денари, а денеска чини 54,05 денари.
Очекувањата се дека идниот понеделник ќе има блага корекција на цените во нагорна линија, а не се исклучува можноста да поскапат само бензините а цената на дизелот да остане непроменета.
Во моментов литар ЕУРОСУПЕР БС 95 чини 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС 98 е 63 денари за литар додека ЕУРОДИЗЕЛ-от се точи за 44 денари за литар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа