НБРМ: Банките во Македонија имаат добар систем за спечување перење пари

 

Народната банка на Република Македонија верува во системот за контрола на банките. Досега нема наоди за незаконски дејствија, но од НБРМ сметаат дека доколку има индиции за некои сомнителни сметки од Македонија во Панама во наредните контроли што ги вршат ќе се посвети повеќе внимание и ќе се земат предвид тие трансакции во репрезентативниот примерок.

Од НБРМ истакнуваат дека банките имаат добра инфраструктура, односно системите за спречување перење пари и дека доколку тие функционираат нема можност да помине некоја трансакција незабележана.

НБРМ прави еднаш во годината редовна контрола на репрезентативен примерок во банките, во кој се земаат предвид и големите трансакции, а врз основа на спроведените контроли на примероците велат дека трансакциите се во ред.

Појаснуваат дека задачата на Народната банка е да следи дали банките имаат добри системи за спречување перење пари, а постапувањето по сомнителни трансакции доколку ги има е на Управата за финансиско разузнавање. 

- Задачата на НБРМ е да обезбеди банките да имаат системи за намалување на ризиците. НБРМ ја нема надлежноста да постапува по нив, посочуваат од Народната банка и додаваат дека банките доколку има сомнителни трансакции ја информираат Упрвата за финансиско разузнавање, а во Народната банка само информираат дека пријавиле сомнителни трансакции кај  Управата, која, пак, нема обврска да ја информира НБРМ. Санкции презема Управата.

НБРМ нема статистика колку такви се пријавени и тоа е динамична состојба која се менува.

Доколку надлежните утврдат дека има незаконски дејствија кај банките, тогаш НБРМ во рамки на своите надлежности презема ригорозни мерки.

НБРМ има комуникација со надлежните институции и веруваат во нивната работа која се базира на меѓународни стандарди. 

 
 
11.04.2016 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега