Караванот „Купи куќа за млади“ во Гостивар, Тетово и Кичево
Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе се одржи презентација во Гостивар, Тетово и Кичево.
Презентациите ќе почнат во 17 часот во Општината во Гостивар и во Тетово и во Кичево во Домот на културата.
Сите заинтересирани граѓани на презентациите ќе можат да се информираат за проектите од претставниците на Министерството за финансии, од општините, банките и Катастарот.
12.04.2016 - 10:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа