Земјоделските здруженија задоволни: Нова мерка за поголеми приходи
Супер, поубаво, …здравје. Ова се коментарите на земјоделските здруженија, во однос на новата мерка во земјоделството, а оа е 80% државна поддршка на системот капка по капка, а која ја најави вчера лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, пишува Лидер.
„ Мерката е супер, подобро здравје. Поддршката е фантастични 80% од инвестицијата и сега е до 50 хектари. Ова е ептен убава работа, поубаво здравје. Добро е што сите култури ке бидат опфатени и тоа е многу добра работа, и овоштарстото и лозарството. Одлична работа е тоа што се субвенционира и ископ на бунари, а ќе бидат извршени и законски измени со кој што ќе се олесни постапката за добивање на водостопански дозволи за изградба на бунари. До сега имавме проблем околу вадење на документации, сеа тоа се поедноставува. И тоа е супер работа. Исто така со ваквата поддршка ќе се зголеми производствито на пченка, а со тоа значително ќе поевтини и сточната храна. Ќе се реше проблем и со напојување на стоката со проектите за бунарите. И тој проблем ке се надмине“ изјави за Лидер претседателот на Асоцијација на земјоделци Ефтим Шаклев.
Поддршка од 80 проценти од државата за инсталирање на системот „капка по капка“
Воспоставувањето на систем за наводнување и соодветно дозирање на водата во целиот производен систем, овозможува зголемување на земјоделските приноси, кај некои култури и за неколку пати. За таа цел, а во насока на подобро искористување на природните ресурси, предлагаме субвенционирање за воспоставување на алтернативни системи за наводнување и воспоставување на системи капка по капка. Целта на оваа мерка е зголемување на обработливите површини под систем за наводнување, за подобрување на квалитетот и приносите на земјоделското производство.
Право да конкурираат ќе имаат:
Физички лица, на кои земјоделството им е примарна дејност, регистрирани земјоделци за производство на раноградинарски производи или за овоштарство,
Земјоделски компании,
Земјоделски задруги.
Цел на набавка е опрема за воспоставување на систем за наводнување за расадници, одгледување на раноградинарски култури, овоштарство или за наводнување на стакленичко или пластеничко производство.
Преку мерката финансиски ќе се подржат земјоделците и земјоделските стопанства за инсталирање на модерни системи за наводнување. Тоа ќе донесе сериозна заштеда. Проценките говорат дека цените за чинење за инсталирање на систем капка по капка за површина од еден хектар за следниве површини изнесува:
За овошен насад – 105.797 денари;
За лозов насад – 114.422 денари;
За систем за наводнување на пченка (Житни култури) – 123.000 денари.
Значи цените на овие системи по хектар ченат некаде од околу 1600 евра до околу 2000 евра по хектар.
80% од средствата за реализација на наведените активности ќе бидат обезбедени преку Програмата за рурален развој на земјоделството, а остатокот од средствата ќе ги обезбеди корисникот, максималната површина за која ќе се однесува поддршката ќе биде до 50 хектари.
На пример согласно претходните пресметки за десет хектари, за наводнување на житна култура вкупната инвестиција за капка по капка ќе биде 1 123 000 денари. Дури 984,000 денари односно e 80% ќе покрие државата, ова се пари кои остануваат во џебот на македонскиот земјоделец, а остатокот го обезбедува корисникот.
Овие 20 проценти кои треба да ги обезбеди корисникот од сопствени средства, за задругите и земјоделските компании кои имаат и поголеми површини каде инвестицијата е и позамашна, може да ја искористат евтината кредитна линија од Македонската банка за поддршка на развојот која обезбеди 10.8 милиони евра за евтини кредити земјоделските стопанства. Каматната стапка е само 2% а рокот на отплата до 5 години.
Што се однесува до ископот на бунари, просечната сума која е потребна за изградба изнесува околу 150 илјади денари, околу 2 500 евра, на длабочина до 50 метри. Со оваа најнова мерка државата ќе покрие дури до 80%, пари кои остануваат како заштеда на земјоделецот. Дополнително ќе бидат извршени и законски измени со кој што ќе се олесни постапката за добивање на водостопански дозволи за изградба на бунари.
Со мерката која ја предлагаме не само што земјоделците ќе заштедат 80% од сумата за инсталирање на системот и изградба на бунари, туку и ќе имаат зголемен принос што значи екстра профит и заработувачка.
Мерката ќе се применува од јануари 2017 година
Целокупната мерка, треба да започне да се применува од јануари 2017-та година, апликациите ќе може да се доставуваат од октомври 2016 година и ќе се издвојуваат по минимум 3 милиони евра годишно, а по потреба износот ќе расте.
Ова е важна можност за земјоделците. Современите системи за наводнување како капка по капка нудат решенија кои ја намалуваат потрошувачката на вода, го намалуваат непожелниот вегетативен пораст, го зголемуваат квалитетот на производот, гарантираат константен квалитет и што е најважно носат многу поголем принос.
Наводнувањето капка по капка има многу предности во однос на другите начини на наводнување, и тоа:
Водата оди таму каде е потребна што е една од најголемите предности на овој вид на наводнување.
Траките (цревата) се поставуваат непосредно покрај растенијата така што се наводнува само зоната на кореновиот систем. Водата оди директно на коренот на растението.
Овозможува заштеда на вода која е ресурс кој недостасува на глобално ниво. Заштедите на вода се најмалку до 30осто во зависност од составот на почвата. Ефикасно се искористува водата со тоа што се наводнува само зоната на коренот и не се заливаат делови на кои нема растенија, се намалува количината на вода за залевање и се овозможува истата колична на вода да се искористи на поголема површина.
Лесно се инсталира. Системот капка по капка е релативно ефтин систем за залевање и лесно се поставува. Обуката за земјоделците е кратка и лесна што значи дека секој може да го практикува системот независно на неговото образование или други карактеристики.
Се овозможува рамномерно и прецизно залевање. Нема промени кај растенијата заради брзата промена на режимот на влагата.
Се намалува појавата на плевели. Заради наводнување исклучиво во зоната на кореновиот систем, намалена е појавата на плевели бидеjќи нема непотребно влажнење на околната површина.
Преку употребата на системот капка по капка за половина, двојно, некаде тројно или повеќе се зголемува производството. Таквото зголемено производство значаи половина, двојно, тројно или повеќе пати зголемени приходите за земјоделецот што ќе значи и можност за заработка, за реинвестирање, проширување на производството, инвестиција и средства за користење на некоја друга мерка поволна за неговото производство. Што значи можност за екстра заработка и збогатување на земјоделците.
Пред инсталирање на системот капка по капка за да се обезбеди прецизност и ефикасност на истиот корисниците ќе бидат охрабрени но и подржани да ја користат мерката покривање на 70 проценти од трошоците, а ќе бидат преиначени во 80 проценти од трошоците за спроведување на агрохемиски анализи за земјиштето и останатите услиови од добрата земјоделска пракса. Со проверка на земјиштето ќе се одбере соодветната култура која е оптиманла за производството на на дадената почва, а системот ќе се прилагоди врз основа на квалитетот на почвата но и временските услови за што веќе се реализира проектот за поставување на агрометеролошки станици каде регистрираните земјоделци во системот. Ќе може да добиваат податоци за микроклиматските услови по СМС порака со што ќе се обезбеди правлино користење не само на системот на наводнување туку и на заштитните средства и средства за прихрана на растенијата. Статистиките покажуваат дека системот капка по капка е најекономичен. Пример при производство на лута пиперка количината на вода со системот капка по капка се намалува за 34 посто до 50 посто а приносите се зголемуваат помеѓу 33 посто и 48 посто, безмалку половина повеќе одкога не би се применувал овој систем. Кај краставицата приносот се зголемува до 1,8 пати, кај гравот приносот се зголемува до 2,6 пати, а кај компирот за 27 посто, а потрошувачката на вода се намалува за речиси 30 проценти.
Ова статистика покажува дека земјоделецот ќе има драстично поголема заштеда но и заработка која е поголема дури и од субвенциите, имено ако на некој му се овозможи 4 пати поголем принос по зголемена цена на производот. Заради зголемениот квалитет тоа веројатно ќе значи како да му се зголемиле 10 до 15 пати субвенциите. Притоа државата не троши за субвенции секоја година толку многу 10 до 15 пати зголемени а земјоделецот ги прима со продажбата на својот производ кој е количински далеку поголем и квалитетно далеку подобар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа