Хан: Изборите ќе се одржат во секој случај
Изборите закажани на 5 јуни ќе се одржат во секој случај, вели во интервју за Радио Слободна Европа еврокомесарот Јоханес Хан. Тој додава дека е важно како тие ќе бидат спроведени за да бидат признаени од меѓународната заедница
„Во принцип, изборите ќе се одржат во секој случај, бидејќи тоа е според Уставот на поранешната југословенска Република Македонија. Сега кога Парламентот е распуштен, тие ќе се одржат, но неопходно и важно е овие избори да бидат спроведени на начин на кој ќе бидат признаени од меѓународната заедница. Во спротивно, земјата нема да има евро-атлантска перспектива и тоа беше сеопфатната цел на нашите активности и напори кои беа прифатени во договорот од јуни/јули минатата година. Ако сега се е коригирано или неимплементирано, тоа е против интересот на граѓаните на земјата и политичките лидери треба да сфатат дека тоа и штети на целата перспектива на земјата и дека ризикуваат да бидат ставени во изолација.“ - вели Хан за РСЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа