ВИДЕО: Инцидент - Активистите на СДСМ и СОРОС ја нападнаа полицијата

 

Активистите на СДСМ и СОРОС продолжуваат со насилството и дивеењето по улиците. Вечерва протестантите предводени од лидерот на СДСМ Зоран Заев и највисокото партиско раководство повторно удрија по полицијата.

Ваквото однесување е честа слика на опозициските демонстранти. За потсетување, на почетокот на мај минатата година во протестите пред Владата кои ги организираше опозицијата поддржана од невладините на СОРОС повредени беа 38 полициски службеници.

Многубројните фотографии и видео снимки кои се појавија сведочеа дека полицијата беше брутално нападната од демонстрантите со безброј тврди предмети, меѓу кои камења и шипки. Хулиганите се обидоа да повредат и полициските службеници со контејнер. Сценарио познато видено, сценарио кое активистите на СДСМ и СОРОС продолжуваат да го спроведуваат

 
 
12.04.2016 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега