Китаровиќ и Пахор во Македонија: Ќе ја посетат македонско-грчката граница

 

Претседателите на Словенија и на Хрватска Борут Пахор и Колинда Грабар Китаровиќ, кои престојуваат во посета на Македонија, денеска ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско-грчката граница.

Двајцата претседатели се очекува да имаат средба и со полицајците  од Словенија и Хрватска кои им помагаат на македонските безбедносни сили на македонско-грчката граница во справувањето со мигрантите.

Претседателите на Словенија и на Хрватска од вчера престојуваат во посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. 

 
 
13.04.2016 - 08:38
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега