ВИДЕО: Фоторепортерот на Вечер доби конци на главата, чека резултати од неврохирург
Фоторепортерот на ВЕЧЕР, Наке Батев денеска се здоби со повреди на главата и заврши на Ургентниот центар во Скопје, каде повредата му била санирана и добил неколку конци на главата.
Настана општ хаос и добив удар во главата, објаснува Батев.
-Бев на работа ги покривав протестите кои најпрво беа пред СЈО , па пред канцеларијата на претседателот и инцидентот се случи пред Собранието каде што толпата која што сакаше да го помине полицискиот кордон, рече Батев.
Батев бил прегледан, му било направен ренген и примил инфузија а сега ги чека резултатите од неврохирург. Тој вели дека уште еден колега бил соборен на земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа