Скопски саем од денес домаќин на Саеми за туризам, образование и кариера

 

 

Скопски саем од денеска е домаќин на 6. меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет” и 19. издание на манифестацијата „Денови на образование и кариера“.

На Саемот на туризам „Скопје травел маркет 2016“ се најавени  60 учесници. Ќе бидат претставени туристички дестинации, агенции, туроператори, хотели од општините во Македонија и од регионот, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, компании за производство на хотелска опрема и за софтверска поддршка на туризмот. Организаторот очекува оваа саемска манифестација да ја посетат околу 30.000 луѓе.

На отворањето на саемот се најавени претставници на Министерството за економија,  Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија, Стопанската комора за туризам, Советништвото за култура на Република Турција, од каде се најавени и 50 претставници на хотели и презентации на здравствениот туризам, како и претставници од Иран и од Црна Гора.

Во рамки на Деновите на образование и кариера, пак, високообразовните институции ќе ги претстават можностите за студирање во Македонија и во странство. Првпат ќе учествува и CMEPIUS - Агенција при Министерството за образование на Словенија, која ќе ги претстави своите активности заедно со четири словенечки универзитети - од Љубљана, Марибор, Приморска и Нова Горица. Годинава ќе има претставници и од универзитети од Грција, Чешка, Турција и Бугарија. Ќе бидат застапени и многу програми и проекти на меѓународни организации од областа на образованието и бизнис-секторот. 

 
 
14.04.2016 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега