Заев пак излажа- даде наредба за насилство врз полицијата
Неколку полицајци се повредени во судирот меѓу насилните демонстранти на СДСМ и СОРОС со припадниците на македонската полиција.
Хулиганите и деликвентите на СДСМ наоружани со шок бомби, солзавец и пиротехнички средства удрија по македонската полиција. Опозицискиот лидер Зоран Заев повторно излажа, бидејќи тој самиот даде наредба за насилство врз полицјата.
Откако протестот почна мирно, дојде до судир и буткање. Демонстрантите почнаа да фрлаат со јајца кон полицискиот кордон кои не дозволи да се приближат кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако денеска повика на ненасилство и мирен протест, Заев повторно излажа. Неговите хулигани и деликвенти брутално ги нападнаа силите на редот.
Информациите говорат дека поголеми количини на молотови коктели, солзавци и пендреци се забележани кај луѓето од СДСМ и СОРОС кои денес продолжуваат со протестите кои според реториката и очекувањата повторно ќе бидат насилни.
Многу од присутните пред Собранието се забележани со црни ранци. Во текот на вчерашниот ден имаше насилство од истите лица врз полицијата, брутално беше кршен инвентар и државен имот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа