Заев: СДСМ нема да дозволи да се одржат избори на 5 јуни

 

СДСМ нема да учествува на изборите на 5 јуни, ниту пак ќе ги дозволи, изјави денеска опозицискиот лидер Зоран Заев по средбата со холандскиот амбасадор во Македонија

„СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори, какви што ќе бидат тие на 5 јуни, ниту такви избори ќе дозволи. Во Македонија се можни само регуларни избори, со прочистен Избирачки список и медиумски реформи“ - изјави Заев

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ги распиша изборите. Согласно договорот од Пржино и одлуката на Собранието, тие треба да се одржат на 5 јуни.

 
 
15.04.2016 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега