Масовен народен собир: Протестен марш со патриотски песни за одбрана на државата

 

Огромен број на граѓани попладнево ја поддржаа иницијативата на ГДОМ и излегоа да дадат поддршка за одржување на избори на 5-ти јуни. Местото на собирот беше просторот пред Мултимедијалниот културен центар „Мала станица“, од каде поворката се упати кон седиштето на СДСМ.

СДСМ уништи земјоделци, стечајци, лозари, работници, а сега и дојде време на државата, пишува на транспарентите што ги носат илјадниците присутни на собирот кој започна пред улицата „Јордан Мијалков“ за да продолжи пред седиштето на СДСМ. Присутни се граѓани од цела Македонија кои бараат избори и да престане дестабилизацијата на земјата предизвикана од опозицијата.

Трета вечер по ред покажувам пример не само во Македонија, Балканот туку на светот како во ваква политичка состојба еден народ знае да се собере во олкав број и на мирен позитивен начин со песна и убави пораки да даде поддршка и да порака дека ние сакаме по мирен и демократски начин да се реши кризата, додаде тој.

-За среќа има и луѓе на функции кои истото го сакаат. По 2 дена на неизвесниот еден ден позитивна информација дека кончено се распишани избори за 5 јуни и дека конечно мандатот и суверенитетот ќе биде вратен и ние преку најдемократски начин со пенкало во рака на 5 јуни ќе излеземе и ќе покажеме која е желбата на Македонецот а тоа е патот на просперитетот сигурност, нови работни места, болници училишта…рече Пандов.

naroden sobir na gdom 15.04 (11).jpg

Тој истакна дека изборите на 5 јуни ќе покажат кому народот сака да му даде мандат.

- Ова е ден на кој имаме позитивна информација, конечно изборите се распишани на 5 јуни. Конечно мандатот, кој ние како народ го поседуваме е кај нас и потоа со пенкало во рака на 5 јуни ќе излеземе и ќе покажеме која е желбата на Македонецот. Тоа е Македонија да го фати патот на сигурност, стабилност, патот на нови работни места.

Предвидено е, после изразувањето на револтот кај СДСМ, поворката да се упати и пред Собранието на Република Македонија, каде ќе биде поздравена одлуката за негово распуштање, како и за зацврстување на датумот 5 јуни, како ден за одржување на избори во земјава.

ФОТО: Телеграф.мк

 
 
15.04.2016 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега