Николовски: На 5-ти јуни ќе им кажеме „Леле, што направивме“ на оние кои сакаат да ја делат Македонија
Доаѓајќи наваму не можев, а да не забележам колку многу народ се собрало денеска да им покаже на оние кои сакаат да ја делат и да ја растурат Македонија. Не можам, а да не го споменам она што еден мој колега го кажа на едно Европско првенство „Леле, што направивме“, истакна кајакарот Атанас Николовски кој вечерва се обрати пред седиштето на СДСМ, каде мирен протест одржа Граѓанското движење за одбрана на Македонија.
-Истото ќе им го кажеме и на 5 јуни „Леле, што направивме“. Нека е благословена Македонија, додаде Николовски
15.04.2016 - 21:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа