Заврши протестот пред Владата

 

Заврши протестот пред Владата на Република Македонија, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и на просторот пред Владата веќе нема ни демонстранти, ниту, пак, полицајци, а сообраќајот се одвива нормално.

Протестот, во кој немаше поголеми инциденти и помина мирно, првично почна од пред зградата на Специјалното јавно обвинителство СЈО по што демонстрантите се упатија кон Канцеларијата на претседателот Иванов и кон Собранието на Република Македонија. Силен полициски кордон ги спречи да се приближат до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а големо полициско обезбедување имаше и околу зградата на Собранието каде не им се дозволи пристап.

Демонстрантите им поделија цвеќиња на полицијаците кои го чуваа Собранието, а  потоа се упатија кон плоштадот „Македонија“. Дел од нив со јајца фрлаа кон „Порта Македонија“, а на објектот се испишани и погрдни графити. Од плоштадот „Македонија“ преку Камениот Мост, се упатија кон плоштадот „Филип Втори“, но на крајот на мостот беа вратени назад од полицијата по што се упатија кон зградата на Владата. 

Протестот се пресели на платото пред Владата на Република Македонија откако полицијата тоа го дозволи. 

И вечерва се бараше оставка на претседателот Ѓорге Иванов, но и итно повлекување на одлуката за избори на 5 јуни, како и почнување процес за избор на експертска влада

 
 
15.04.2016 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега