Вељаноски ги повика Канерва, Шулц, Аграмунт и Тарнер да ја известат ДИК за набљудување на изборите

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Педро Аграмунт и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Мајкл Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

Вељноски, согласно уставните и законските надлежности, вчера потпиша Решение за распишување предвремени избори на пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година. 

Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права. 

 
 
16.04.2016 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега