УХМР со вонредна временска прогноза
Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од Африканскиот континент во следните денови во нашата земја ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од нашата година, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најтопло ќе биде во недела и во првите два дена од наредната седмица кога максималните температури ќе бидат значително над просечните и ќе достигнат вредност од 25 до 32 степени.
Инаку, денеска ќе биде сончево, во западните делови со слаб до умерен ветер од југозападен, а во источните од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на умерена облачност.
Минималната температура ќе се движи од три до десет степени, а максималната од 23 до 28.
Во Скопје слично време со температура од шест до 26 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа