Заев се гордее со Црвенковски: Тие и во насилството беа исти (ВИДЕО)

 

Опозицискиот лидер Зоран Заев и во вчерашното интервју за „24 Вести“ повтори дека се гордее со неговиот ментор и поранешен претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски. Во само два дена при интервју на две национални телевизи, Заев говори за тоа колку го почитува Црвенковски и какви мудри одлуки донел неговиот идол.

-Респект кон претседателот Црвенковски, тоа е човек кој што испиша убава историја во Македонија и донесе одлуки во времето негово како што знаеше најмудро, рече лидерот на СДСМ синоќа на гостувањето на 24 вести.

За разлика од ваквите зборови на Заев,  јавноста го памети Бранко Црвенковски како човек кој направи огромна шета врз граѓаните и државата. Резултатите од одлуките Македонија и ден денес ги чувствува. Колку за потсетување, човекот кој според Заев испишал “убава историја во Македонија“, ги промени знамето и уставното име во текот на своето владеење.

Колку “убави одлуки“ донел Црвенковски покажуваат мрачната и болна приватизација на над 460 фирми и земјоделски комбинати, беа избркани од работа 200 000 работници, во неговото владеење се случија низа неразјаснетите убиства и самоубиства, лажните ветувања за вработување на по еден член од секое семејство, теритиоријалната поделба при која тепаше граѓани кои се спротивставија на неа, сомнително доделените над 120 000 државјанства, шверцот со нафта цигари и бакар…

За Заев, сето ова е испишување на убава историја во Македонија и носење на мудри одлуки. Да беа одлуките на Црвенковски толку мудри како што вели Заев, СДСМ немаше да биде во опозиција 10 години и со моментален катастрофален рејтинг кој гарантира тежок дебакл за социјалдемократире доколку излезат да се соочат со народната волја.  Ваквите зборови на сегашниот опозициски лидер, јасно покажуваат дека тој не е ништо поразличен од неговиот претходник, со кого се исти и во насилството кое СДСМ деновиве го изразува на скопските улици удирајќи врз македонските полицајци, а кое потсетува на насилството диригирано од Црвенковски во 2012 година, кога тој заедно со Заев ги газеа македонските полицајци пробивајќи го кордонот за насилен влез во Собранието и преземање на власта на улица.

Во декември 2012 година, при протестите на таканаречените “отпораши“ на Црвенковски, толпата поддржувачи на СДСМ нападна и претепа недолжен пензионер. Недолжниот човек, кој велеше дека е неопределен и дека на местото е дојден да ги праша лидерите на опозицијата зошто сега ова и е потребно на Македонија, прво беше повлечен од страна на еден поддржувач на опозицијата, а потоа скандалозно нападнат со шлаканици и боксови.

За време на нападот никој не се обиде да го одбрани невиниот човек, кој тврдеше дека не е поддржувач на владејачката партија, туку дека е неопределен и има прашање за Тито Петковски, кој беше дел од блокадата. Четири години подоцна, слични сценарија на скопските улици, агресија, безредие, и хаос измиантиве денови јавноста видео од поддржувачите на Заев.

Каменување на полиција при што беа повредени десеттина полицајци, демолирање на Народната акнцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, срамни пораки до полициските службеници со зборовите “Куманово пак да ви се деси“, демолирање на медиуми, сквернавење на „Порта Македонија“ се само дел од постапките на “мирољубивите“ протестанти на СДСМ.

Сите овие примери покажуваат дека Црвенковски и Заев и во насилствато се исти. Насилства на протестите на СДСМ и СОРОС не се новина, исто како и пристапот кон преземање на власта со уривање на државата.

Во четвртокот, лично Зоран Заев на интервју за Алсат-М призна дека имал средба пред неколку дена со Бранко Црвенковски. Како рече, бил да се консултира, бидејќи “не знаел се и не се срамел да праша”. Врската меѓу Заев и Црвенковски е долга. Заев беше партиски функционер во штабот на Црвенковски, потоа додека Црвенковски беше претседател на државата, го постави Заев за в.д. лидер, да му го чува местото, а Црвенковски го аболираше Заев за криминалот во случајот “Глобал”.

Заев со Црвенковски исто како и сега го доведоа народот на раб на братоубиствен судир. Во ист обид СДСМ на чело со Заев сека да ја превземе власта без избори и поддршка од мнозинството граѓани.

 
 
16.04.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега