Седница на Државната изборна комисија

 

Државната изборна комисија денеска во 13 часот ќе одржи седдница на која треба да биде разгледано и усвоено Предлог-барањето податоци до Министерството за внатрешни работи согласно член 43 став 3 од Изборниот законик, како и Предлог-барањето податоци до Министерството за надворешни работи согласно член 38-а став 1,2,3 и 4 од Изборниот законик.

На седницата, како што соопшти ДИК, ќе се разгледаат и усвојат и Предлог-барањето податоци до Министерството за информатичко општество и администрација согласно член 32 став 1 од Изборниот законик на РМ, Јавниот повик до МНР за распишување предвремени парламентарни избори за пратеници во Собранието на РМ, Предлог - роковникот, како и Предлог - образецот барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебниот извод од избирачкиот список и предлог Образец- Пријава за гласање во ДКП.

 
 
16.04.2016 - 12:41
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега