Коен: Бојкотот на изборите не е во интерес на САД, ЕУ и Македонија
Познатиот аналитичар Ариел Коен, кој e претседател на Атлантскиот совет анализирајќи ги состојбите предизвикани со бегалската криза и актуелните политички случувања вели дека бојкотот на изборите не е во интерес ниту на САД, ниту на ЕУ, ниту на Македонија.
Неговиот став е дека треба да и се помогне на Македонија. Треба да има избори кои би поминале во најдобар ред. Тој смета дека во моментов Македонија се соочува со две закани.
Првата е надворешна преку јужната граница каде од Грција навлегуваат мигранти, од кои дел може да се и сериозна закана како поранесни членови на ИСИС или Ал Каеда, а втората е внатрешна, каде се соочува со дестабилизација од сопствената опозиција
-Другиот проблем во Македонија е што е дестабилизирана од социјалистичката опозиција. Изненадени? Зоран Заев, лидерот на опозицијата, бега од избори. Наместо да оди на избори, сака да ги саботира изборите и да ги бојкотира. Ова не е во интерес на Америка, на Европа и на Македонија. Не им помагаме со компјутери, биометрика и така натаму, не им помагаме да се справат со бегалците. А ако на овие земји им се дозволи да се распаднат поради внатрешните конфликти, како што ги има на неколку места, пример во Македонија и економскиот хаос во Грција, тоа не е во наш интерес, заклучува Коен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа