Груевски промовираше нов проект
Имаме еден нов проект, кој еве сега за првпат ќе го споменам, се работи за проект со кој што сакаме да им помогнеме на земјоделците да добијат советници, земјодлески советници е насловот на проектот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето гостување во Дневникот на Канал 5.
-Ќе бидат на база слична на матичните лекари, ќе бидат плаќани од државата по капитација, односно по глава на жител-земјоделец, односно колку има привлечено змејоделци да им биде советник, толку соодветно ќе биде платен и ќе бидат добро платени, ќе има голем интерес за таа професија, но тие ќе бидат должни неколку пати во годината да го посетуваат земјоделецот, да му даваат најдобри стручни совети, совети кои се базирани на најновите научни истражувања во делот на земјоделито во светот, рече Груевски.
Тој нагласи дека тие освен што ќе треба да имаат завршено факултет, ќе треба да полагаат и специјален испит за да добијат лиценца за оваа работа која ќе има одреден рок на трење.
-Да речеме 6-7 години, потоа ќе треба да ја обноват со ново полагање. За да сме сигурни дека ги следат најновите, најсовремени змејоделски практики, ќе треба да имаат солидно познавање на англискиот јазик за да следат странски медиуми каде што се објавуваат најновите научни истражувања во земјоделието за да можат да ги разгледат и да им ги соопштат, рече Груевски.
Исто така, Груевски нагласи дека советниците ќе имаат обврска да ги посетуваат земјоделците на нива, да ја испитуваат земјата, да им дадат совет за нивниот плод и ќе имаат обврска да напишат што ги советувале, каков совет им дале, и потоа да ги видат резултатите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа