ДЕНОВИВЕ ПЕКОЛ: Препораки поради невообичаено високите температури
Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од Африканскиот континент во следните денови во нашата земја ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од нашата година, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Поради најавата за повисоки температури за овој период од годината Министерството за здравство издаде препораки за граѓаните, со оглед на тоа што, како што посочуваат оттаму, ненадејната изложеност на повисоки температури, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на температурите во јули и aвгуст и може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица.
- За таа цел, се препорачува да се носи соодветна лесна облека, да не се престојува предолго на директна сончева изложеност, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во следните два дена целата територија на државата ќе биде зафатена со температури повисоки од вообичаените за овој период од годината и ќе се движат во интервалот од 25 - 32 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа