Две лица тешко повредени - страшна сообраќајка викендов во Македонија

Вчера во 14 часот и 30 минути на крстосницата од локалниот пат Куманово-село Романовце се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Даеву Тико“ со кумановски регистерски ознаки управувано од 56-годишниот Џ.А. од селото Лопате и возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистерски ознаки, управувано од 41-годишниот Д.Т. од селото Тромеѓа.

Според податоците од македонската полциија, во незгодата сопатничката од возилото „Даеву Тико“, 50-годишната Ф.А. се здобила со тешки телесни повреди  и тоа фрактури на вратна долна надлактна коска и на вратен пршлен и веднаш била префрлена на Ургентен.

Возачот од истото возило се здобил со телесни повреди и бил задржан за лекување во Медицинскиот Центар во Куманово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

 
 
17.04.2016 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега