Бочек: Потребно е европско решение за бегалската криза

 
Евидентно е дека ниту една земја не е способна сама да најде решение и да се справи со проблемот. Потребна е европска соработка и изнаоѓање на европско решение, вели Томаш Бочек специјалниот претставник за бегалците и мигрантите, назначен од генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, на почетокот од годинава. 
 
Една од првите мисии на Бочек беше посетата на Македонија и Грција на критичните места каде се наоѓаат мигрантите. 
 
- Видов многу нешта, се сретнав со многу луѓе, со властите на Грција и Македонија, со многу бегалци и претставници на невладини организации. Сега имам глобална слика за ситуацијата на лице место. Таа не е многу пријатна. Ние го следевме патот од грчките острови, ги видовме центрите за регистрација,  ги видовме камповите во Атина, во близината на Солун, бевме и во Идомени каде ситуацијата навистина е катастрофална и неприфатлива, и на крај ги видовме камповите во Гевгелија и Табановце и пред се местото кое е веднаш до границата со Србија, каде имаше кога јас бев 350 лица во многу неприфатливи услови за денешна Европа, изјави  за МИА по посетата Бочек.  
 
Во тек на посетата најмногу го погодила, како што вели, состојбата на децата бегалци. 
 
- Тоа што најмногу ме погоди како татко на две малечки девојчиња е ситуацијата на децата. Исто така и однесувањето на бегалците на родителите на возразните, кои не се грижеа за себе, туку за судбината на своите деца. Парашањата кои најчесто ми ги поставуваа е кога нашите деца ќе можат да одат на училиште, наведе Бочек.
 
На средбата со македонските власти било речено дека ниту една земја, сама не може да го реши проблемот со бегалците. - Се сретнавме со министерот за внатрешни работи со кој имавме отворен разговор. Евидентно е дека ниту една земја не е способна сама да најде решение и да се справи со проблемот. Потребна е европска соработка и изнаоѓање на европско решение. Тоа е пораката и главната точка на нашиот дијалог, истакна Бочек.
 
Специјалниот претставник за бегалците и мигрантите нагласува дека треба да се почитуваат обврските презмени од земјите членки на Советот на Европа со нивното зачленување во организацијата и доследно почитување на Конвецнијата з ачовековите права.
 
- Мислам дека пред се треба да ги почитуваме нашите обврски, преземни од сите земји членки на СЕ, односно да се почитува Еевропската конвенција за човекови права, односно да гарантира дека овие лица кои се под јурсдикција на државата и на оваа конвенција да се почитуваат нивните права, истакнува Бочек.
 
Целта на неговата мисија е да се осигура операционалната врска меѓу државите членки кои се соочуват со овој предизвик и да се утврди како Советот на Европа може да им помогне на своите членки, но и да направи врска со другите меѓународни организации за да се подобри соработката и размената на информации.
 
За состојбата со бегалците и мигрантите во Европа ќе расправа Парламенетарото Собрание на Советот на Европа,  чија  пролетна сесија започнува денеска во Стразбур. На дневниот ред се ставени човековите права на бегалците и мигрантите и пред се ситуацијата во земјите од Западен Балкан. Во Извештајот за расправата, претставен од холандската парламентарка Тинеке Стрик, добар дел е посветен и на Република Македонија.
 
 
18.04.2016 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега