Светците кои се празнуваат денеска - за многу години

 

Денеска е Св. маченици Агатопод и Теодул.

Во времето на императорот Диоклецијан свети Агатопод беше ѓакон, а свети Теодул отец во Солунската црква. Првиов веќе беше во поодмината возраст. Кога започнаа прогоните, овие двајца беа изведени на суд и како и многумина други низ целото царство беа осудени на смрт само поради името христијанин. Откако поминаа некое време в затвор, Агатопод и Теодул беа изведени и фрлени в море со големи камења околу вратот. Нивните тела, кои подоцна испливаа на морската површина, ги прибраа локалните христијани и чесно ги погребаа. Свети Агатопод и Теодул пострадаа за Христа во 303 година.

 
 
18.04.2016 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега