Страшна несреќа во Росоман: Маж се бори за живот

Четириесет годишен тракторист од село Сирково во Росоман вчера попладне бил тешко повреден откако излетал од патот кој води до селото, потврди денеска портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска. 

- Вчера во 15 часот и 13 минути на локалниот пат кон село Сирково поточно кај месноста викана  „Чернец“ во оштина Росоман, се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата, трактор марка „ИМТ 539“ управуван од 40-годишниот В.М. од село Сирково,  излетал надвор од патот. Со тешки телесни повреди се здобил возачот. Тој бил  пренесен во јавната здравствена установа  Општа болница Кавадарци,  од каде бил  пренесен на Клиниката  за торакална хирургија во  Скопје, соопшти Стојковска.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица Кавадарци во присуство на надлежен јавен обвинител .

Како што информираше  доктор Дано Кулев, началник на одделението за хирургија при кавадаречката општа болница, пациентот бил  донесен во шок и во состојба ризична по живот.

-За кратко време со соодветна терапија го стабилизиравме и го вративме во нормална состојба. Му направивме рентгенски снимки и ехо на стомак и утврдивме дека има неколку скршени ребра на десната страна од градниот кош и крварење во белите дробови, соопшти Кулев.

Повредениот, во присуство на медицинска сестра, бил пратен на скопските клиники заради понатамошно испитување и лекување. 

 
 
18.04.2016 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега