Ванковска: Не излегувам на протест кој артикулира контрадикторни барања

 

Универзитетската професорка Билјана Ванковска смета дека на власт треба да се направи преку избори, а не протести. Ванковска преку својот статус на социјалната мрежа Фејсбук вели дека контрадикторни се барањата да не се сакаат избори, а да се бара оставка од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

-Не ја разбирам емоционалната уцена и пребројување на јавни личности кои не се појавиле на протести. Јас имам право да одлучам на каков начин ќе изразам протест. Не излегувам на протест заради протест или за да ме запишат во нечиј (бел?) тефтер, уште помалку на протест кој артикулира контрадикторни барања: ем не сакаме избори, ем Иванов нека даде оставка! Не ми се шета од гнев, ниту од очај. Не рзбирам гнев кој прави неделна пауза. Не сакам да чукам на отворена врата, ниту сакам да сум дел од нечија предигра. Чекам избори за да ја сменам оваа власт, пишува Ванковска на Фејсбук.

За потсетување поради поинаков професионален и политички став, професорката Татјана Каракамишева беше жртва на закани и навреди. Неколкумина студенти кои сметаа дека професорката не го зборува тоа што тие сакаат да го слушнат насилно беше попречена во својата работа, повредувајќи го нејзиното индивидуално право. Ставот на Каракамишева е дека на Македонија и се потребни избори, се со цел земјата да излезе од политичката криза во која се наоѓа подолго време, како последница на сценаријата спроведувани од опозицијата предводена од Зоран Заев.

 
 
18.04.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега