Подгответе се: По жешкото време следи нов температурен шок

 

Натпросечно топлото априлско време ќе продолжи во првите два работни дена од новата недела. 

Понеделник и вторник остануваат топли, со максимална вредност на температурата помеѓу 28°С и 31°С во повардарскиот и источниот регион. Во котлините во западниот регион се очекува максимална температура околу 27°С. 

Наоблачувањето кое се очекува во втората половина од понеделник, ќе продолжи и во првата половина од вторник, но потоа следува постепено намалување на облачноста.

Вторник ќе биде и доста ветровит. Се очекува умерен, локално до засилен ветер од јужен и југозападен правец. Приквечер ветерот ќе го промени правецот во северен и северозападен.

Во вечерните часови во вторник ќе потпаднеме под влијание на северно струење кое ќе услови спуштање на постуден воздух кон нашите краишта.

Токму затоа од среда ќе имаме значително посвежо време во однос на претходниот период. 

Среда ќе биде претежно ведра, но ветровита. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Температурата ќе има највисока дневна вредност во дијапазонот помеѓу 18°С и 22°С низ котлините во западниот и северниот регион.

Нешто посвежо ќе биде во четврток. Денот ќе биде претежно ведар, а ветерот ќе биде претежно слаб, од северен и северозападен правец. Во споредба со среда, температурата ќе биде пониска за околу 2°С.

 

В петок, очекуваме мала промена во насока на температурата. Истата во котлините во западниот и северниот регион ќе има вредности помеѓу 19°С и 21°С, а на југоисток околу 23°С.
Денот ќе биде претежно ведар, со сосема слаб јужен и југоисточен ветер.

 
 
18.04.2016 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега