ФОТО: Демолирана канцеларијата на претседателот Иванов во Тетово

 

Со ќерамиди и бетон непознати лица утринава меѓу 5 и 5 часот и 50 минути ја демолирале канцеларијата на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов лоцирана на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.

Од СВР Тетово информираат дека биле искршени изложните  и стаклата од влезната врата на канцеларијата, а пред и во внатрешноста на канцеларијата биле фрлени и неколку јајца.

-По наредба на јавен обвинител извршен е комплетен увид, оштетувањата се фотодокументирани и се преземаат мерки и активности за откривање на сторителите, соопштуваат од СВР Тетово.

За потсетување, хулиганите на СДСМ на првиот ден од протестите против одлуката на претседателот Иванов, ја демолираа неговата канцеларија во центарот на Скопје.

 

 
 
18.04.2016 - 11:54
Фото: 
ФЕЈСБУК

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега