Крвав инцидент кај трговскиот Буњаковец

Во 04 часот во Скопје, синоќа во кафе бар лоциран пред Трговскиот Буњаковец настанала расправија и физичка пресметка помеѓу 41-годишниот Г.К. 39-годишниот Г.К. и 37-годишниот Д.Т.  сите од Скопје, од една страна и неколку други непознати лица, од друга страна.

Според податоците од полциијата, Г.К. бил прободен со остар предмет во пределот на главата и се здобил со тешка телесна повреда-убодна рана со пробивање на черепот, констатирана во болницата „Систина“ каде што е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
18.04.2016 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега