ВМРО-ДПМНЕ Битола: Власта гради и создава, опозицијата урива и уништува
Небитни се изјавите и наводите кој колку може и не може, кој колку сака или не, небитни се исказите искажани во стилот дека некој е поголем патриот или не!Фактите и делата се нештата кои не карактеризираат и како личности и како партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Во продолжение следува интегралниот текст од нивната прес-конференција
Во Македонија, фактите и делата кажуваат и покажуваат дека додека оваа народна власт – гради, создава, овозможува, оние другите, таканаречената опозиција, го прави спротивното: растура, урива, уништува и повредува !
Безлични и крајно бескрупулозни се нивните очајнички обиди да се скријат зад својата насилност и недемократска желба за власт. Власт која место волјата на народот би им ја обезбедиле, токму оние кои им помогнаа Македонија да ја доведат до ситуацијата во која сега се наоѓа!
Почитувани граѓани, сите добро знаеме кои се одликите на демократското општество и како се изразува волјата на народот. Тоа не се манипулации и насилство. Волјата на народот се покажува на избори, и ќе се покаже повторно на 5- ти јуни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа